Претседателот на МОК, Даниел Димевски најавува презентација на најобемната,
најдетална и најсеопфатна програма за работа што досега ја имал МОК, на ден 26.01.2024 година
(петок) со почеток во 15:00 часот.
Презентацијата на Програмата 24-28, насловена со Олимпиското мото “Побрзо, повисоко,
посилно, заедно”, ќе биде пренесувана во живо на МОК ТВ каналот.
Истата можост е достапна и за сите останати заинтересирани кандидати кои ќе достават и
сакаат јавно да ја презентираат својата програма. Лице за контакт е Сара Глоговац со е-меил
адреса: glogovac@mok.org.mk.
На ова ќе му претходи презентација на отчетокот за сработеното во првиот мандат, која ќе
биде објавена на официјалниот ВЕБ сајт на ден 24.01.2024 год.
Даниел Димевски
