Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор

127
Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор

Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор.

СДС и ДУИ 6 години прават криминал, стотици милиони се потрошија на матни тендери, стотици милиони се поделија за договори во 4 очи на фирми блиски до власта, и сега кога се свесни дека паѓаат и дека ќе треба да одговараат го менуваат законот и ги намалуваат казните.

Нема поголемо признание за криминалот на СДС и ДУИ од намалувањето на казните за кривичните дела кои можат да бидат сторени од функционери.

СДС и ДУИ го сменија законот со помош на Левица, кои со лажниот патриотизам и лицемерие ја замајуваат јавноста, а кога треба да се спротистават никаде ги нема, како и во случајов кога не гласаа против.

И СДС и ДУИ и Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат за сите криминали и порази кои ги нанесоа на Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧленство во ЕУ за подобар животен стандард, наместо изолација
Следно соопштение32 години независност ја потврдија исправноста на државничките одлуки, исто ќе биде и со ЕУ