Наместо да го промовираме, неспособната власт не присилува да го сокриваме Скопскиот аквадукт од туристите!

73
Наместо да го промовираме, неспособната власт не присилува да го сокриваме Скопскиот аквадукт од туристите!

Секогаш е подобро да се спречи, наместо да се лечи, но во Македонија имаме власт со која и лекот – го НЕМА!

Разрушениот аквадукт, извадените и расфрлани камења од столбовите и лаковите, како и по некоја вреќа градежен шут, се тажен сведок за ремек-делото кое успеало да им пркоси на вековите, природните непогоди, па и на војните, но наместо денес со гордост да го промовираме, власта нè принудува да го сокриваме од очите на туристите.

Власта треба да е свесна дека аквадуктот е прогласен за културно наследство од особено значење и истиот му припаѓа на човештвото!

За жал, како и за сè друго, така и за аквадуктот имаме само најавен план за целосна реставрација и конзервација!

А ветуваа соодветна инфраструктура, сигнализација и информативни табли, зеленило, урбана опрема и сè што е потребно за локалитетот да стане достапен за посета.

Овде редно е да потсетиме на ветувањето од поранешниот градоначалник Петре Шилегов кој на оваа локација ЌЕ изградеше летна сцена со 600 до 1000 седишта и истата ЌЕ беше изведена на начин кој немало да и пречи на визурата на аквадуктот. Петре ЌЕ проектираше и ролерско-велосипедска патека до самиот аквадукт!

Но, кога се на хартија, лесно „летаат“ ветувањата, а кога ќе дојде моментот за реализација….НИШТО!

Од друга страна, не знаеме дали градоначалничката на Скопје знае дека аквадуктот е под надлежност на Градот и дали воопшто го посетила за да види во каква состојба е!

Нејсе, ако го исчисти ѓубрето, можеби и ќе се сети и на аквадуктот.

Па така, иако скопскиот аквадукт е симбол на туристичката мапа на Скопје, туристичките водичи се принудени да го избегнуваат за да ја сокријат реалната слика на оваа неспособна власт.

И додека во нашиот двор го имаме овој прекрасен споменик на културата кого би го посакала секоја земја, нашата власт не е ни свесна дека со ваков однос кон културното наследство, ниту нè посакуваат, ниту пак, ќе нè примат во ЕУ!

Оттука, не е ни чудно што од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработија флаери со туристичките убавини од други држави.

Убавини имаме, но кој да ги одржува и промовира?

Одговорност мора да има и ќе има, а одговорноста се вика – предвремени парламентарни избори

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0SDjKX7jcLvRzLCu5T9W829vErZmazFK7J2X4qo34Ub6kDkqn4QqnCCLRof7Z1p1Ml&id=100087079596579!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБитиќи: 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добиваат повисоки плати, ставаме крај на должничкото ропство на граѓаните
Следно соопштениеКадетките во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Men’s 18 EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија