Наместо Филипче дa држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за се сторено во неговото време

49
Наместо Филипче дa држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за се сторено во неговото време

Кога Венко Филипче зборува за „молк на институциите“, тоа звучи како лоша шега. Човекот кој како министер дозволи здравствениот систем да колабира, кој не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.

Граѓаните многу добро паметат дека токму во времето на СДС и Филипче Македонија се претвори во најзагадена точка во Европа, без план, без стратегија и без резултат. Фабриката за акумулатори во Трубарево и дивите депонии не паднаа од небо, тоа е наследство на криминалните политики на СДС и ДУИ.

Денес институциите реагираат одговорно и ќе излезат со прецизни информации, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот. Но уште еднаш се поставуваат прашањата:

1. Како тоа баш пред избори почнуваат да „горат“ фабрики и депонии?

2. Дали зад тоа стојат организирани структури блиски до поразената власт кои сакаат да создадат хаос и страв кај граѓаните?

Наместо Филипче да им држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за сето сторено во неговото време и за сите здравствени, еколошки и национални порази.

Вистинската еколошка катастрофа и вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се викаат СДС и ДУИ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Денеска го формиравме најмоќниот општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Крилата непогрешливи, Еурофарм Пелистер лесно го надигра Пролет