НАВРЕМЕ СПРЕЧЕН ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ЗЛОКУЌАНИ

85
НАВРЕМЕ СПРЕЧЕН ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ЗЛОКУЌАНИ

Во моментов  Противпожарната служба на Град Скопје на повик на Секторот Инспекторат од Општина Карпош, интервенира на т.н локалитет „Агромеханика“ во населбата Злокуќани. Станува збор за помал пожар кој најверојатно е подметнат од страна на несовесни граѓани, за кој, по брзата интервенцијата на Противпожарната бригада истиот е ставен под контрола и е изгаснат. Инаку, локацијата која е опожарена се наоѓа во приватна сопственост, при што правниот субјект е задолжен од инспекциските служби на Општина Карпош да го загради  просторот во свои рамки.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеМицкоски го брани Касами, се уште молчи наместо да ги осуди провокациите во Тетово