Недела на млади 1-7 октомври

121
Недела на млади 1-7 октомври

Црвениот крст на Репубика Северна Македонија во периодот од 1-7 октомври ја одбележува Неделата на Млади и оваа недела ја посветуваме на работата, успесите и достигнувањата што нашите млади ги имаат постигнато во рамките на Црвениот крст на РСМ.

Младите претставуваат движечка сила на организацијата која преку младинските програми носат промени од младите за млади. Тие се главните дисеминатори на хуманите принципи, тие се иницијатори и реализатори на хуманитарните активности.

Оваа година Неделата на млади ја одбележуваме така што 33 Клубови на млади низ целата територија ќе организираат отворени денови на кои волонтерите во што е можно поголем број ќе ги промовираат различните можности за волонтирање во нивната средина.

The post Недела на млади 1-7 октомври appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗаконот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент
Следно соопштениеШто го врзува Груби со Черепот, па огласот за партнер во бизнисот со Лотарија е како пресликан со карактеристиките на неговата фирма?