Непотизмот царува во владата на Мицкоски

2
Непотизмот царува во владата на Мицкоски

Партиските и семејните врски остануваат клучен фактор за напредување во државната служба, добивање функции на локално или централно ниво, како и за вработување во институции каде државата е работодавач. Ова го потврдува семејството Андоновски, каде Љупчо Андоновски, советник во Владата, е татко на Стефан Андоновски, актуелен министер за дигитална трансформација, додека Игор Андоновски е началник на одделот на АНБ за град Скопје.

Заложбите против коруптивното поведенеие, непотизмот и врските останаа само дел од предизборниот маркетинг на ДПМНЕ. Но, од Влада предводена од премиер којшто својата “успешна“ кариера ја започнал како асистент кај својот татко, поинаков и реформски пристап не може да се очекува. Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ И ВРЕДИ продолжува да го негува непотизмот како главена дестимулација на професионалните кадри и главен стимул за иселување на младите.

Системот создаден од непотизам го гуши и државниот апарат и општеството. Ова е причина зошто државата е нефункционална и испорачува катастрофални услуги по многу параметри. За жал, овој општествен канцер не подлежи речиси на никаква одговорност, што овозможува политичките елити да се ги вдомуваат своите миленици на функција по желба, преку што се создава нефункционален систем – построен од послушници, погоден за секоја корумпирана власт.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВТОРА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ, СО КОСКА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР КАЈ 19 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ
Следно соопштениеСпасовски: Институциите треба да го зајакнат системот за безбедност на сообраќајот и училиштата