НЕРЕЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ЗАКРОИЈА ЛОЗЈЕТО ПО ПОВОД СВ. ТРИФУН

109
НЕРЕЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ЗАКРОИЈА ЛОЗЈЕТО ПО ПОВОД СВ. ТРИФУН

На покана од жителите од Нерези кои го одбележуваат христијанскиот празник Св. Трифун, денеска на падините на Водно градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, присуствуваше на традиционалната манифестација на закројување на лозјата. На самиот почеток свештеното лице во духот на религијата ја испеа молитвата, според која се верува дека лозјето ќе биде заштитено од разни штетници и други инсекти. Потоа, присутните мештани извршија обредно закројување на лозјето, а некои го сметаат овој ден за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Денеска лозjaта беа закроени со желба и надеж за уште една поплодна година со следниот традиционален благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Инаку, Православната црква го чествува денот на лозарите и градинарите Св. Трифун, на 1. февруари според јулијанскиот календар, односно на 14 февруари, според грегоријанскиот календар. Оттука, Св. Трифун се слави како великомаченик кој пострадал за христијанската вера, не исклучувајќи ја неговата важност како заштитник на брачната љубов и верност, кои се дел од христијанската проповед.

Извор на соопштението

Претходно соопштение🇲🇰❄️ Петар Гиноски со завршен настап на ЕМОФ!🎿🎯
Следно соопштениеСДСМ: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот туку промена на грбот и химната