НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР И НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

106
НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР И НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија по повод отворање нов дијагностички центар и набавка на нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС (ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп). Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи, кои ќе се вршат на оваа клиника.

НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР И НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОддржан координативен состанок на партнерството за проектот Атлетс Спикерс во Каскаи, Португалија
Следно соопштениеЈанчева: СДСМ ја поддржува одлуката за субвенции на ЈСП, одговорноста за хаосот е кај ДПМНЕ