Во период од 12-14 мај 2023 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга се одржа семинарот за крводарителство на тема нов концепт за доброволно крводарителство во РСМ.
На семинарот зема учество претставници од Црвен крст на РСМ, општинските организации на Црвен крст, Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Министерството за труд и социјална политика, Генералштаб на АРСМ, Институт за трансфузиона медицина, Гранков синдикат за сообраќај при ССМ, членови на Клуб на крводарители на Црвен крст (ОКТА Рафинерија, Комерцијална банка, ЈСП -Скопје, Макпетрол и АРСМ) и гости од Црвен крст на Србија.
Структурата на учесниците на семинарот овозможија споделување на искуства и знаења, практични примери од разни средини, организации и институции и градење на нови пријателства кои ќе бидат поддршка во натамошниот процес за редефинирање на бенефициите на доброволните крводарители.
The post Нов концепт за доброволно крводарителство appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.