Нов паркинг и реконструиран парк во Драчево

203
Нов паркинг и реконструиран парк во Драчево

Жителите на Драчево добија нов простор за одмор, дружење и рекреација. Возобновен и освежен со нови содржини е паркот во Драчево, лоциран на местото каде бeа отстранети времени објекти.

 

На површина од околу 700 квадратни метри реконструирано е детското катче, пставени се нови реквизити и изграден терен за мал фудбал и за кошарка. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети и оваа локација, каде е изграден и сквер со урбана према, клупи и чешма, а во непосредна близина изграден е и нов паркинг за околу 30 возила. Просторот е надополнет со парковско зеленило.

 

-Продолжуваме со реализација на крупни проекти за кои сме имале повеќе барања од нашите жители. Денес го ставаме во фукција возобновениот парк кој е опремен со многу нови содржини и подотвен да биде место каде граѓаните од повеќе генерации ќе го поминуваат своето слободно време. На 700 квадратни метри нуди простор за одмор и дружба, а спортските терени верувам дека ќе бидат доста привлечни за помладите. Секако, просторот го дополнивме  со многу зеленило, а излеговме во пресрет и на барањето за дополнителни паркинг места, градејќи паркинг за 30 возила-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Кисела Вода својата 68-ма година од потоењето ја затвори со над 50 000 m2 зелена површина. Вчера беше почната изградбата на мини рекреативен центар во Усје, а неодамна нова парковска површина добија и жителите на село Драчево, преку изградбата на спортско-рекреативниот комплекс “Теодор Стојановски-Тоше” кој некогаш се викаше “Оксиген”.

 

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВТОРА РАБОТИЛНИЦА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ СО ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА СТУДИИТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Следно соопштениеМицкоски: Она што му се случува на Миле Јанакиевски е целосна неправда, на СДС и ДУИ постојано кога им треба дефокус од нивните криминали му го прават ова