Нов срам и потсмев од меѓународен карактер поради кадрите на СДС

187
Нов срам и потсмев од меѓународен карактер поради кадрите на СДС

Основно непознавање, незаинтересираност и негрижа за државата чиј претставник сте, го красат новиот меѓународен лапсус на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ, заради која државата е на удар на потсмев од многумина!

Пратеничката на СДСМ во рамките на Студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг, во објава на својот фејсбук профил соопшти за средба со Руслан Стефанчук, спикер на Врховната рада на Украина, – но, во својата објава таа на претставникот со кој се запознала, му го згрешила името, презимето и функцијата и го нарече претседател на Украина.

Недозволиво е клиентелистичите слуги на СДСМ, покрај бројните дипломатски порази и скандали и на ваков начин да го нарушуваат и онака веќе лошиот меѓународна позиција на земјата!

Потсетуваме, претходно во јавноста, за пратеничката Снежана Калевска Ванчева протекоа информација, дека од преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, нејзиното адвокатско друштво инкасирало околу 55.000 евра.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
27.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМилошоски: Власта ја загрозува европската перспектива, со таен договор парите ги делат Ковачевски и Груби наместо да одат за реалните потреби за граѓаните
Следно соопштениеПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е подготвен на лидерска кога станува збор за национални и државни интереси, но на неа треба да се разговара и што по неуспехот на уставните измени