Нова електрична метларка во возно-техничкиот парк на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица – Општина Струмица

77

Континуиранато збогатување и осовременување на возно-техничкиот парк на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, наменет за одржување на чистотата на јавните простори во општина Струмица, продолжува со несмален интензитет. Од денес овој „парк“ е збогатен со нова електрична метларка со современа техничка спецификација.

Електричната метларка е наменета за потребите на селото Габрово и Габровските водопади, односно за одржување на јавната хигиена на тој дел од општина Струмица. Набавката на метларката на електричен погон, е резултат на склучениот договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов најавува дека ангажманите околу зголемувањето на возно-техничките капацитети на ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжат и во наредниот период.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта молчи, а со тоа потврдува дека Дрин Ахмети од кланот Зајас не платил ни данок за стекнатиот милионски удел во трговскиот Соравиа
Следно соопштениеЕлектроснабдување