Нова манипулација на Тимчо Муцунски за трошење на народните пари

156
Нова манипулација на Тимчо Муцунски за трошење на народните пари

Општина Аеродром изминатиот период изгледаше како да се наоѓа во некоја афричка прашума поради неискосената трева. И покрај многубројните реакции на жителите преку социјалните мрежи, градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата администрација воопшто не излегуваа на терен и оставија тревата да порасне како никогаш до сега.

Сега гледаме дека позади сета таа „неработа„ во позадина стоел договор со приватна фирма вреден 350 000 евра. Затоа јавно прашуваме:

Што се случува со сезонските работници во општина Аеродром кои се плаќаат од парите на граѓаните?

Дали намерно општината се доведе во ваква ситуација за да може манипулаторот Тимчо Муцунски да испумпува народни пари и ги оштетува жителите на општина Аеродром со штетни договори?

Левица будно ќе ги следи сите штетни договори и јавно ќе ги обелоденува.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО АЕРОДРОМ
24.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЉутков: Се гордееме со нашите просветители, но денес стануваме слепи при очи каде образованието и науката се фрлени на буништето на потпросечноста
Следно соопштениеМицкоски: Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ во делови и целосно, туку работа, реформи кои мораме да ги направиме за влез во ЕУ, необезличени и со достоинство