НОВА ОПРЕМА ОД 450 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – Министерство за Здравство

107

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола по повод донација на медицинска и немедицинска опрема во вредност од 450 илјади долари со поддршка од невладината организација World Medical Relief, како и Обединетата македонска дијаспора.

Станува збор за опрема која се состои од апарат за стерилизација, ортопедски помагала, болнички кревети, медицински столови, инхалатори, апарати за мерење притисок, како и разни инструменти и заштитна опрема.

-Зајакнувањето на јавните здравствени установи со нова медицинска и немедицинска опрема е еден од клучните приоритети на Министерството за здравство. Битолската болница е пример и за кадровско зајакнување, имајќи предвид дека до крајот на годинава се реализираат вкупно 34 нови вработувања на здравствени работници, администрација и помошно-технички персонал. Со тоа се зајакнува кадарот на болницата кој веќе се состои од 750 лица вработени на неопределено време. Упатувам искрена благодарност до невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора за поддршката и значајниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава.

Директорката на Клиничката болница Битола Елизабета Ивановска посочи дека со оваа опрема ќе се подигне нивото и степенот на здравствена заштита на пациентите од регионот кои се опслужуваат секојдневно во установата. Таа информираше дека е започнато реновирање на одделите за неврологија и интерна медицина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНАПРАВЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ И БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР, ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА НОВА ШАНСА ЗА ЖИВОТ – Министерство за Здравство
Следно соопштениеКузеска на прес конференција на СДС ги читаше статусите на Стевчо ГРОМ, Николоски ниту е партнер ниту има било каков сопственички удел, да се извинат за клевета или следува тужба