НОВИ ФИТНЕС ИГРАЛИШТА ВО УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

1
НОВИ ФИТНЕС ИГРАЛИШТА ВО УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

Општина Карпош продолжува со реализација на проекти и активности насочени кон унапредување на условите за образование, физичка активност и здрав развој на учениците преку модернизација на училишната инфраструктура.

Во услови кога современите животни текови и растењето на трендот за зголемено користење на технологијата влијаат на намалената физичка активност кај децата и младите, Општина Карпош презема конкретни чекори за создавање услови кои ќе поттикнат активен и здрав начин на живот.

Во таа насока, оваа година поставивме нови фитнес зони во три општински основни училишта: ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Аврам Писевски“. Во текот на следната година ќе бидат поставени фитнес зони и во останатите седум општински основни училишта.

Фитнес зоните се поставени на подлога од вештачка трева со површина од 60 м2 и опремени се со реквизити за безбедно користење на отворено, дизајнирани и наменети за вежби за развој и зајакнување на локомоторниот апарат кај учениците.

Средствата за реализација на оваа активност се предвидени во годишната  Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектите е компанијата Мегаспорт од Скопје.   

Општина Карпош останува посветена на создавање на современа, функционална и поттикнувачка средина за раст и развој на најмладите како и квалитетен живот на сите жители.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРазликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзува, Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати, проекти, инвестиции и развој