Ново партнерство за голема промена – FitKit и СОС Детско село!

23
Ново партнерство за голема промена – FitKit и СОС Детско село!

Со голема радост ја објавуваме нашата соработка со FitKit – мобилната апликација која ве мотивира да се движите, да живеете поздраво, да се грижите за своето здравје, а сега и да поддржите деца и млади без родителска грижа или во социјален ризик.

Отсега, сите FitKit корисници имаат можност дел од FitKit кредитите да ги донираат на СОС Детско село и да помогнат да обезбедиме:
– сигурен дом и семејна грижа
– едукативна поддршка
– психо-социјална поддршка
– шанса за стабилна и успешна иднина

Секој дониран кредит е чекор поблиску до посигурно и посреќно утро за децата и младите од ранлива категорија.

Ако си FitKit корисник, отвори ја апликацијата, пронајди го профилот на СОС Детско село и приклучи се на оваа значајна иницијатива!

Донирај поени – менувај животи.

The post Ново партнерство за голема промена – FitKit и СОС Детско село! appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСекој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп, Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ се грижи за младите
Следно соопштениеСДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите