НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

120

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со новогодишни пакетчиња им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на штитениците во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, како и во Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“.  Со цел разубавување на празниците на најмладите, Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската организација на Црвениот крст, со што од општината донирани се вкупно 400 пакетчиња. Општина Битола, изразува голема благодарност и до „КАМ ДОО“ за донацијата од дополнителни 300 новогодишни пакетчиња, со што се овозможува новогодишната радост да ја почувствуваат повеќе дечиња од социјално ранливи семејства.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоветничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето
Следно соопштениеПотпишани два меморандуми за соработка помеѓу ССКМ, ФЕИТ и ИНОФЕИТ