НОВОГОДИШНИОТ РИТАМ СЕ СЛУШНА ВО КАРПОШ

143
НОВОГОДИШНИОТ РИТАМ СЕ СЛУШНА ВО КАРПОШ

Во духот на празничната магија, жителите на Карпош се забавуваа и неделно се опуштија со звуците на поп и народната музика на плоштадот ,,Делфина” во Влае. Под наслов ,,Ритамот на празниците”, се одржа предновогодишна забава на која присуствуваа голем број на граѓани од Карпош и пошироко. На овој музички спектактл, атмосферата ја загреаа познатите изведувачки ѕвезди, групата Љубојна, Диџеј Шорти пи, Верица Ристевска, Трајче Ѓоргиев и Стојне Николова.

                Најмалите жители имаа можност да погледнат театарска претстава, која им ги стопли срцата и која беше проследена со огромно внимание. Желбата за забава токму пред ваквите празници е голема, па ниту ладното време не ги поколеба карпошани да излезат и да поминат неколку часа во дружба со музичарите.

                Новогодишните и божиќните празници се период кога семејството е сплотено и кога се посакуваат најубавите желби. Општина Карпош ви посакува здравје и успешна Нова 2024 година и Божиќни празници.  

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски за Цивил: Ќе ја составам наредната проевропска Влада која ќе обезбеди членство во ЕУ
Следно соопштениеРЕК Битола повторно со само еден блок на мрежа