Како резултат на соработката во рамките на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) на Општина Битола со Агенијата за вработување, Ви ги пренесуваме информациите од Јавниот повик до невработени лица за вклучување во мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд, кој трае се до исполнување на предвидениот опфат. Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, објавен е ЈАВЕН ПОВИК до невработени лица за вклучување во мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови: A. Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум основно образование: 1. Готвач – Тетово, Скопје 2. Обработувач на метал-Бравар – Куманово 3. Козметичар за нега на лице и тело – Скопје, Тетово 4. Надградба на нокти (Декоративен маникир) – Скопје, Тетово 5. Маникир и Педикир – Скопје, Тетово, Штип 6. Обработувач на метал-Заварувач – Куманово 7. Шминкер – Гостивар, Скопје 8. […]
Извор на соопштението