Во периодот од 29.09-01.10 во тренинг центарот „Солферино“ во Струга се реализираше обука за дисеминатори која ја следеа учесници од 11 Општински организации на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Дисеминаторите претставуваат важен дел во ширење на знаењата за нашето дејствување, за основите на меѓународното хуманитарно право, улогите на компонентите на Движењето, структурата, основните принципи и програмите на организацијата. Целта на обуката беше надополнување на капацитетите на ООЦК во полето на дисеминацијата. Обуката ја спроведе централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка на Меѓународниот комитет на Црвен крст.

The post Обука за дисеминатори appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.