Денес во собраниската сала на Општина Чаир се одржа обука на спортските административци на Општина Чаир, на која присуствуваа Претседателот и Генералниот секретар на МОК, Даниел Димевски и Сашо Поповски и секретарот на Општина Чаир, Фарук Невзади.
Присутните разменија многу корисни информации и новости од областа на менаџментот на човечки ресурси, спортски маркетинг, финансиски и стратешки менаџмент, од областа на анти-допинг програмите, но и начини за унапредување на училишниот спорт со можности за правилна селекција и идентификација на млади спортски таленти на возраст од 9-12 години.