Oбука за воведување на родова перспектива во спортските политики

142
Oбука за воведување на родова перспектива во спортските политики

Изминативе денови во Маврово се одржа обука за воведување на родова перспектива во спортските политики, поддржана од канцеларијата на УН Вомен во Скопје.

Обуката ја водеше надворешната експертка Џејн Денехи, поддржана од координаторката на Комисијата за родова еднаквост при Олимпискиот Комитет, Силвија Митевска. На работилницата се разговараше околу креирање на политики и програми на ниво на спортски клубови или федерации каде начелото за родова еднаквост е во центар на сите планови и активности. Дводневната обука опфати учесници од различни спортски федерации и спортски клубови од повеќе спортови. 

 

Оваа обука се совпаѓа со акцискиот план за родова застапеност на МОК, развиен во рамки на европскиот проект Еразмус.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОчајниот Ковачевски е декласиран од народот и му е страв од избори бидејќи ќе доживее дебакл
Следно соопштениеНова учебна година со хаос во образованието, нема учебници, нема инвестиции, но има каша-попара со предмети од новата концепција на СДС и ДУИ