Очекуван пораз од фаворитот, денешен противник е Турција – Одбојкарска федерација на Македонија

105

 

Знаејќи ги успесите на српската репрезентација во сите возрасни категории, максималниот пораз на македонските одбојкарки до 19 години (генерација 2002 и помлади) не беше изненадување на почетокот на Балканското првенство во Белград. Во салата „Вождовац“ на Бањица, нашите девојки освоија по 15 поени во првиот и во третиот сет, а најдобро играа во вториот во којшто дојдоа до 19. Во денешното второ коло, избраничките на селекторот Јованче Манасков ќе се сретнат со Турција која вчера беше подобра од Албанија исто така со 3:0.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вчера:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, денеска:
16.30 Турција – МАКЕДОНИЈА
19.00 Србија – Црна Гора

3.коло, утре:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ – RK VARDAR 1961 I Official site
Следно соопштениеКонкурс за избор на стручни лица, тренери во  ДСУ  Спортска Академија – Скопје – Ракометна Федерација на Македонија