Од дете без можности – до шампион со бронзен медал!

15
Од дете без можности –  до шампион со бронзен медал!

Во срцето на секоја заедница лежи иднината – нашите деца.
За жал за некои деца, патот до светла иднина е исполнет со препреки кои многумина од нас не можат ни да ги замислат.
Таков беше и малиот Ненад*.
Ненад живееше во свет каде што детството не значеше сигурност, туку грижа. На само девет години, знаеше како да го запали шпоретот на дрва, да се снајде без електрична енергија, да го теши помалото братче кога ноќе плачеше.

Книгите беа само нешто што го носеше на училиште. Тој – немаше време учење. Ни мир. Ни поддршка. Секој ден за Ненад беше борба. Но, не со оценки, туку со страв и со тишина, а тој тивко учеше да не сонува премногу.

Но, тогаш се случи промена!

Во СОС Детско село, Ненад доби грижа, љубов и безгрижност – нешта кои дотогаш му беа непознати. Но, и нешто многу поважно: личност што верува во него.
Неговата “мама Ленче“ му подаде рака тогаш кога тој не знаеше на кого да се потпре. Со нејзина поддршка, Ненад почна да се менува. Почна редовно да оди на училиште. Да чита. Да поставува прашања. Да се смее. Да тренира.
Тој го избра теквондото – спорт кој го научи на дисциплина и самодоверба. На секој тренинг одеше решен да биде подобар. И беше.

Неодамна, со огромна гордост, ја освои својата прва бронзена медала на финалниот натпревар. А таа? Со насолзени очи и насмевка во срцето, стоеше на трибините и аплаудираше.
„Кога првпат дојде кај нас, не зборуваше многу. Повеќе гледаше, како да мери дали може да верува. Сега, не само што се враќа од училиште со насмевка, туку ни покажува колку може, кога некој верува во него. Тргна по свој пат – а јас имам чест да бидам до него.“- со насмевка зборува неговата мама Ленче.

The post Од дете без можности – до шампион со бронзен медал! appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтефан Васев: Имаме 10 клучни проекти за ефикасен и одржлив сообраќај во Скопје
Следно соопштениеПОСТАРИТЕ КАРПОШАНИ СЕ ЕДУЦИРААТ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД МОЖНИ ИЗМАМИ