ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

24
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, денеска во Македонската филхармонија, беше одбележан Денот на јавната администрација. На настанот, организиран од Министерството за јавна администрација, присуствуваше и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, заедно со претставникот на општинската администрација, д-р Мирјана Пехчевска. Свое обраќање имаа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев, како и шефот за соработка во Делегацијата на Европската унија, Штефан Худолин.

 Во својот говор, премиерот Мицкоски посочи дека денешниот ден не е само формалност, туку повик за реформи за како што рече, конечно надминување на „болестите“ кои предолго ја разјадувале јавната администрација.

  • „Ги градиме темелите на промените за времето во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално“ – истакна Мицкоски.

Во рамки на денешната средба, министерот за јавна администрација Горан Минчев, посочи дека по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на јавните службеници и јавната служба, традиционално се одржуваат панел дискусии на тема „Модерен јавен сектор“ и „Управување кон промени“.

               Во оваа пригода беше потенцирана и потребата од професионализација на јавната администрација, со фокус на создавање на независен и ефикасен сервис за потребите на граѓаните по модерен и европски терк. Во таа насока, Општина Карпош како локална самоуправа, постојано се залага за  подигнување на административните капацитети  на Општината, со цел да изгради  еден современ, професионален и ефикасен систем, со кој ќе им обезбеди поквалитетни услуги на своите жители.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОд СДС пак со измислици, Филипче јасно да каже кои се неговите компании во Петрич и како профитираат
Следно соопштениеПренџов: Нема одземање на стекнатите права, гарантирани се статусот, платите и правата на судските службеници