ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО, ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

148

Во Битола, денес се одбележа Денот на помирувањето по Првата светска војна и француско – германското зближување, традиционално на Француските гробишта. Заеднички, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и германската амбасадорка Петра Дрекслер, положија свежо цвеќе, со што симболично застанаа на патот на подадената рака, пријателството и блискоста. Свежо цвеќе положија и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на советот на општина Битола Габриела Илиевска, претставници на дипломатскиот кор, Армијата на Република Македонија и други делегации. Како дел од комеморативните настани за одбележување на помирувањето и француско – германското зближување, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во неговиот кабинет. На средбата, беше нагласено, дека токму ваквите настани на сеќавање и споменување, се насочени кон градење на подобра заедничка иднина. Како веќе докажани партнери, верувам дека ќе реализираме уште многу заеднички соработки, проекти, културни настани , истакна на средбата градоначалникот Коњановски. Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, нагласи декa потврда за одличната соработка е и една од најголемите германски фабрики, Кромберг и Шуберт, која во општина Битола, беше отворена во 2013 година, а денес брои над 6000 вработени.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“
Следно соопштениеМОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА ЗНАЧИ ГОЛЕМА ПРИДОБИВКА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ