ОДБЕЛЕЖАНА 121 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

102

Денес, се навршува 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Во чест на македонскиот национален херој, идеолог, организатор и водич, пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, свежо цвеќе положи делегација од Општина Битола предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, придружуван од претставници на Советот на општината. Во денешното оддавање должна почит кон великанот на македонската национална борба се приклучија и претставници на политичките партии и други граѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години
Следно соопштениеКовачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци