ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 21 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

62
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 21 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

 Тричлена делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, Секретарот на локалната самоуправа, Весна Стефанова и претставникот од општинската администрација, Крсте Петковски, денеска положија свежо цвеќе пред вечното почивалиште на поранешниот македонски Претседател, Борис Трајковски, кој на денешен ден трагично го загуби својот живот при падот на владиниот авион во близина на Мостар (БиХ).

                Имено, владиниот „Кингер“ со кој Претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

                Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година и тој беше вториот Претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година. Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а беше и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години. Претседателот Трајковски остана запаметен како политичар кој беше навистина близок со луѓето, препознатлив по својот непосреден и срдечен однос кон нив.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАман Венко, не се брукај, те насанкаа советниците, или свесно манипулираш, не знаеш за што гласала Македонија, а држиш пресови
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ не се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните