Одбележување на месец на борба против зависности

136
Одбележување на месец на борба против зависности

Месец ноември согласно каледарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година месецот на борба против зависности ќе се одбележи под мотото „Информирај се и донеси одлука!“.

За таа цел Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат врснички едукации наменети за средношколската популација, ако и панел дискусии за млади на кои ќе бидат поканети експерти од центрите за социјална работа, здравствени установи и/или организации кои се занимаваат со наведената проблематика. Исто така во соработка со угостителските објекти ќе се споделуваат флаери за поттикнување на свеста за влијанието и последиците од алкохолот на гостите кои ќе бидат затекнати во кафулињата/кафичите и истите ќе се споделуваат и на социјални мрежи.

The post Одбележување на месец на борба против зависности appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДо ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа документи кои ја покажуваат целата монструозност на скандалот со Онкологија – Дали МВР и ОЈО се обидуваат да спроведат операција „кабелот е крив“ и на Онкологија?
Следно соопштениеПратениците на Левица поднесоа Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација