Oдбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања од 21 до 28 февруари 2024 година

108
Oдбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања од 21 до 28 февруари 2024 година

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 февруари 2024 година ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања, под мотото “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.

Болестите на срцето и крвни садовите садови претставуваат голема хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Северна Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57 % од смртните случаи во Република Северна Македонија  се последица на срцевосадови заболувања.

По повод одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе реализираат едукативни предавања, трибини, мерење на крвен притисок и споделување на објави на социјалните мрежи. Како целна група за овие едукативно превентивни активности ќе бидат лица на возраст од 35-55 години кои претставуваат ризична група за развивање на срцевосадови заболувања.

The post Oдбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања од 21 до 28 февруари 2024 година appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски: СДСМ спроведе системски мерки за социјална правда и подобар животен стандард за сите граѓани
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе два проекти, од областа на урбанизмот, каде ќе се исклучи човечкиот фактор и ќе се дигитализира вадењето на градежни дозволи