Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2023 година согласно календарот на традиционални активности, ќе ja одбележи Неделата на хигиенизација, под мотото “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.
Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена.
Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од правилна и редовна хигиена кај младата популација, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе споделуваат објави на социјалните мрежи и ќе организираат едукативни работилници и предавања за промоција на хигиена на деца и наставници од градинки и основни училишта.
The post Одбележување на Недела на хигиенизација (08-15 април 2023 година) appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.