Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза година

138
Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза година

Црвен крст на Република Северна Македонија согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, се приклучува кон одбележувањето на 24 март – Светскиот ден на борба против туберкулозата (ТБ) под мотото: “Да! Mожеме да ставиме крај на ТБ„.

Секој ден, над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечива болест. Туберкулозата најмногу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Сепак, сите возрасни групи се изложени на ризик.

Со цел да се придружиме кон глобалните напори за ставање на крај на глобалната епидемија на ТБ, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје по повод одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза (24 март), ќе споделуваат постери и објави на социјалните медиуми за важноста од навремена  превенција и рана дијагностика на туберкулозата.

The post Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза година appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОсвен Апасиев да го следи Мицкоски друг план нема, затоа го чекаат нови порази
Следно соопштениеФормирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници