Одбојкарски клуб ” Фит Фан Волеј ” го одбележа 15 годишниот јубилеј

237
Одбојкарски клуб ” Фит Фан Волеј ” го одбележа 15 годишниот јубилеј

Одбојкарски клуб ” Фит Фан Волеј ” од Општина Карпош  го одбележува својот 15-ти роденден. По тој повод клубот објави и промотивно видео и на тој начин е одбележан нивниот голем труд на спортската сцена. Тимот го сочинуваат искусни одбојкарки кои порано се надградувале во училишните спортски лиги кои ги организира Општина Карпош.

Одбојкарките на ” Фит Фан Волеј ” усепеаја да се пласираат  во плеј-оф натпреварите и првпат во историјата од постоењето на клубот ќе се борат за освојување на шампионската титула. Плејоф натпреварите почнуваат на 4 април, а моментално трае разигрувањето по групи.

Им посакуваме уште многу родендени и успешни настапи. 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителна акција
Следно соопштениеРеакција: Каков скандал треба да се случи за конечно да се разбудат Лекарската комора и Јавното обвинителство?