Собирот започна со свечено доделување на наградата за заслуги во спортот на Дики Бојаџи. Наградата ја врачи Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, г-динот Оливер Спасовски.
По оваа свеченост, Претседателот на МОК, Даниел Димевски му го додели високото признание на МОК, “Златна Олимпија” на претседателот на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), Божидар Маљковиќ за неговиот придонес во развојот на Олимпизмот и спортот. МОК и ОКС имаат долгогодишна блиска соработка, која е интензивирана во пресрет на ОИ Париз 2024.
