Оддржана финалната конференција од проектот СВОЛ

116
Оддржана финалната конференција од проектот СВОЛ

Ја оддржавме финалната конференција од проектот СВОЛ ( Жени Лидерки во Спортот) чија цел е да промовираат еднакви можности и пристап на жени до раководни позиции во спортскиот сектор. Двогодишниот проект кој беше координиран од одделот на Францускиот Олимписки Комитет со партнерство од Италија, Македонија и Португалија, разви таканарачена Европска Ознака за родова еднаквост наменета за спортски клубови кои претендираат да ги подобрат внатрешните родово-еднакви политики.

Ги охрабруваме спортските клубови од Македонија да ја потпишат Декларацијата за родова еднаквост и да пристапат кон самоевалуација во шест области на родова еднаквост, со што ќе го утврдат степенот на интегрираност на родова еднаквост во своите структури и политики.

Сите документи и продукти кои беа развиени во рамки на овој проект се достапни на вебсајтот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеНАД 100 ПУШКИ ОД ПЕРИОДОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, ПРОНАЈДЕНИ НА ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ ШТО СЕ ГРАДИ НОВИОТ ПРОТИВПОЖАРЕН ДОМ ВО БИТОЛА