Одржан состанок меѓу ССКМ и Норвешката стопанска комора

68
Одржан состанок меѓу ССКМ и Норвешката стопанска комора

Денес во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија, претседателот Трајан Ангелоски и потпретседателот проф.д-р Орце Симов, оддржа состанок со Норвешката стопанска комора. На состанокот се разговараше за посилни економски и трговски врски меѓу Норвешка и Македонија, за промоција на трговија и инвестици, истражување на можностите во секторите, како што се енергијата, особено обновливите извори на енергија, ИКТ и туризмот.

Главен акцент беше да се идентификуваат заедничките интереси и предизвици за олеснување на врските меѓу норвешките и македонските компании, преку B2B состаноци, изложби и онлајн платформи со заеднички програми за поддршка на малите и средни претпријатија вклучувајќи пристап до финансирање, менторство и стратегии за влез на нови пазари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Следно соопштениеСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого