Одржан вториот Ласер ран настан

119
Одржан вториот Ласер ран настан

Денес со почеток од 10:30 часот Модерен Пентатлон Асоцијација на Северна Македонија го организираше вториот Ласер ран настан (комбинирано трчање и пукање со ласерски пиштоли) за деца во ОУ Лазо Ангеловски (СЦ Марко Божиновски) во соработка со Македонски Олимписки комитет. Настанот беше од добротворен карактер, каде собраните финансиски средства ќе бидат наменети за Леонид, дете кое има парализиран рбетен столб.

Настанот беше отворен од Генералниот Секретар на Пентатлон, г-дин. Кристијан Манасков, Претседателот на Македонски Олимписки комитет г-дин. Даниел Димевски, како и директорките на ОУ Лазо Ангеловски Магдалена Петреска и ОУ Александар Македонски Маја Буклеска.

Настанот вклучува две спортски дисциплини: пукање со ласерски пиштоли и трчање на кратки дистанци во зависност од категоријата.  Учество земаа 177 ученици.

Сите учесници добија сертификати а најдобрите од секоја категорија медали.

Извор на соопштението

Претходно соопштение(ВИДЕО)Важно е да има здраво и функционално општество, лојална конкуренција, систем на вистинско вреднување на квалитетот и зголемување на стипендиите, а тебе што ти е важно?
Следно соопштениеМЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА АЛДА НА ПОСЕТА КАЈ ЈАКИМОВСКИ