ОДРЖАНА ЈАВНА ДИСКУСИЈА НА ТЕМА: СЛОБОДНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА БИТОЛА

116

Во организација на Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, а во соработка со Младинскиот културен центар од Битола, денес се одржа јавна дискусија на тема: „Слободните индустриски зони и нивното значење за економскиот развој на Битола“. На јавната дискусија беа отворени прашањата поврзани со подобрување на инфраструктурните услови во Старата индустриска зона во Битола, како и во Индустриската зона Жабени, на што општината, континуирано работи. Во врска со Старата индустриска зона, секретарот на општина Битола и заменик претседавач на ЛЕСС, Борче Димитровски, информираше дека, локалната самоуправа, ја изготви потребната документација за реконструкција на улицата „Индустриска“ („Бурса“), во должина од 2,4 километри, а преку Светска банка во соработка со Министерството за транспорт и врски, обезбедени се потребните средства, но од Министерството е добиена информација дека постапката за избор на изведувач е завршена деновиве, така што реконструкцијата се очекува да започне на почетокот на 2024 година. Во Индустриската зона „Жабени“, пак, Димитровски истакна дека извршено е ажурирање на документацијата за изградба на потребната инфраструктура, што се однесува на водоводна, канализациона мрежа, коловоз, како и проширување на капацитетите на пречистителната станица, за што потребна е инвестиција од 6,3 милиони евра. Токму затоа, Општина Битола е насочена кон обезбедување на средства од фондови, со цел создавање на подобри услови за идните инвеститори, кои веќе покажуваат интерес за зоната. „Во тек е нов повик за продажба на нови парцели во индустриската зона „Жабени“ и до крајот на оваа година се очекува да се продадат четири нови парцели, со што ќе се достигне бројка од […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Тројца ракометари на Еурофарм Пелистер 2 ќе настапат на „Трофејот Карпати“
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Борзаш: Против секој ривал сме конкурентни, тоа ни дава дополнителна сила (ВИДЕО)