Денес во СЦ Јане Сандански се одржа комеморација по повод смртта на Олимпискиот великан, доајенот на борењето во Македонија, Насе Насев. Остави голем траг и со своите успеси ги “задолжи” помладите генерации да продолжат по неговиот пат.
Присуствуваа членови од семејството, најблиските соработници како од борењето, така и од Македонскиот Олимписки Комитет.
Васил Тупурковски, Могамед Ибрагимов, Даниел Димевски, Ванчо Чифлиганец и Дејан Богданов се потсетија на взаемната соработка и дружба со Насев.
Вечна ти слава легендо!