ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

6
ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

Денес се одржа работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски.

На средбата беше разговарано за можностите за воспоставување и унапредување на соработката меѓу Општина Карпош и бизнис-заедницата, како и за иницирање на заеднички активности од интерес за граѓаните и локалниот економски развој.

 

Во фокусот на разговорите беа и можностите за потпишување Меморандум за соработка, дефинирање на идни планови и реализација на заеднички иницијативи, со цел размена на искуства и примена на успешни локални практики.

 Соработката помеѓу Општина Карпош и бизнис-заедницата претставува значаен чекор кон заедничко креирање и спроведување на локални практики и иницијативи во интерес на граѓаните, развојот на општината и создавањето подобра деловна средина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАндреевски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар бараат посебна седница за извештајот на ДЗР за ПОЦ
Следно соопштениеОТВОРЕН ДЕН ВО КАРПОШ – Karpos.gov.mk