Управниот одбор на МОК ја одржа својата редовна седница на која претседателот Даниел Димевски поднесе финансиски извештај за 2023 година, како и предлог-буџетот за 2024 година. Добиени се максимално позитивни извештаи за финансиската работа на МОК, по ревизиите и финансиската контрола, во текот на 2023 година, од страна на меѓународната ревизорска куќа ПрајсвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers), од страна на Управата за Јавни Приходи на Република Северна Македонија и од страна на Финансиската полиција на Република Северна Македонија. Завршната сметка за 2023 година со ревизија и самиот извештај ќе бидат јавно објавени, како и секогаш, на веб страната на МОК и доставен до сите членови на УО. Активностите на ОКСМ во 2023 ги предводи официјално добиена организација на Европски младински олимписки игри Скопје 2025 на кои младите македонски спортисти ќе учествуват во сите спортови кои се на програмата на игрите како и учеството на Европските игри Краков 2023 и освоениот сребрен медал во Таеквондо на Дејан Георгиевски. Обезбедена е спортска опрема за натпревар на Олимпијците – учесници на ОИ ПАРИЗ 2024, а и потпишан е договор за партнерство со шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА (за ЕИ Краков 2023, Зимските МОИ ГАНГВОН 2024 и ОИ ПАРИЗ 2024).
