ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

127
ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Сите точки се однесуваа на предлот измени на програмите за работа на локалната самоуправа, со цел измена и дополнување на буџетот.

Итноста на седницата е можноста да се искористат, а согласно Законот за локална самоуправа и официјалното известување од Министерството за финансии, дополнителни 10 проценти во планирањето на приходи, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари.

Со донесувањето на овие оклуки, локалната самоуправа ќе покрие дел од тековните обврски кон доверителите, а дел ќе биде поддршка за јавните препријатија.

Со образложение дека седницата не била навременио најавена, четири советници од опозицијата ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот.

 

 

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСООПШТЕНИЕ/ПОКАНА за симулациска вежба на 18 октомври Црвен крст на Република Северна Македонија
Следно соопштениеМицкоски: Неспособната политика на ДУИ и СДС доведе до ситуација да се зголемува сиромаштијата и граѓаните да се борат како да го поминат месецот