Одржани работни средби со работните подгрупи од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

98
Одржани работни средби со работните подгрупи од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Одржани работни средби со работните подгрупи од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година


Министерството за јавна администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт (ПОВ) и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 14-15.10.2025 година одржа работни средби по приоритетни области од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

 

На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.

 

Целта на работните средби беше разгледување на тековната состојба со имплементацијата на заложбите, унапредување на координацијата и динамиката на спроведување на достигнувањата и планирање на наредните активности. Во текот на состаноците се оствари дискусија по поединечните заложби од акцискиот план и степенот на нивната реализација, се идентификуваа предизвиците и се дефинираа конкретни чекори за засилување на активностите во наредниот период.

 

 

 

 


Извор на соопштението

Претходно соопштениеАлта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата
Следно соопштениеНе сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата