Одржано Годишното собрание на ХЕРА-продолжуваме да создаваме општество со еднаков пристап до здравствени и социјални прават

73
Одржано Годишното собрание на ХЕРА-продолжуваме да создаваме општество со еднаков пристап до здравствени и социјални прават

ХЕРА го одржа своето редовно Годишно собрание, со учество на голем број членови и поддржувачи. Собранието беше можност за осврт кон клучните постигнувања во изминатата 2024 година и за дефинирање на нови насоки за развој на организацијата.

Собранието го отвори претседателката Румена Ѓердовска Којчески, која го презентираше Програмскиот извештај за 2024 година, осврнувајќи се на најзначајните активности и постигнувања на организацијата во текот на годината. Во своето излагање, таа ја истакна улогата на ХЕРА во унапредувањето на здравствените и социјалните права преку едукација, застапување и директни услуги.

Во 2024 г опслужување вклучни 5.253 граѓани во нашите капацитети за услуги.

Во нашиот центар на Водно ,,Сакам да знаам” преку програмата за сексуална и репродуктивна грижа за една година направени се околу 1.000 анонимни и безбедни тестирања за ХИВ. Раната детекција на ХИВ вирусот е клучна во  обезбедување подолг и поквалитетен живот на носителите.

Изминатата година 42 наставници успешно ја завршија обуката за ССО, додека 370 млади, наставници и родители ги проследија перформансите на Здружението ,,Рубикон”.

Во продолжение на собранието, беа избрани нови млади членови, а процесот го водеше Ана Попризова – членка на Управниот одбор, со што се зголеми вклученоста и се отвори простор за нова енергија и идеи во организацијата. Дополнително од страна на Милена Качаниклиевска – членка на Управниот одбор беа прзентирани и клучните активности и постигнувања од програмата младинско учество во 2024 година, што ја потврди посветеноста на ХЕРА кон активно учество на младите во донесувањето одлуки., нагласувајќи ги креативните иницијативи и придонесот на младите во организацијата. Во текот на 2024 година 360 млади од 6 града го проследија културниот перформанс ,,Простор за разговор” како дел од програмата младинско учество. На овој начин ја јакнеме свесноста на младите за родовиот аспект и недискриминација.

Особено значајна точка беше усвојувањето на измените на Статутот, со кои се воведе нов орган – Почесен одбор на ХЕРА, како форма на признание и вклучување на поранешни членови, основачи и поддржувачи со исклучителен придонес за мисијата и визијата на организацијата.

Собранието заврши со отворена сесија на која се дискутираа дополнителни прашања од интерес на членството.

ХЕРА им се заблагодарува на сите членови за нивниот придонес, доверба и континуирана поддршка. Заедно продолжуваме да создаваме општество во кое секој има еднаков пристап до здравствени и социјални права.

Со почит,

Тимот на ХЕРА

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер загуби во финалето на Купот во Охрид
Следно соопштениеТрет дел: „Провизии кои чинат животи“ е афера што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово