Почитувани медиуми,
Македонскиот олимписки комитет (МОК) Ве поканува на официјална прес-конференција по повод заминувањето на нашите спортисти на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026.
На настанот ќе бидат претставени олимпијците кои ќе ја претставуваат Македонија, а воедно премиерно ќе биде изложена и новата официјална опрема на брендот JOMA, изработена за потребите на тимот во зимски услови.
Детали за настанот:
Датум: Понеделник (02.02.2026)
Час: 12:00 часот
Локација: Конференциска сала на МОК
На прес-конференцијата ќе се обратат раководството на МОК, претставници на Скијачката федерација, тренерите и самите спортисти. По завршување на официјалниот дел, предвидено е време за изјави, како и фотографирање и снимање на новата олимписка колекција.
Ве очекуваме заедно да ги испратиме македонските спортисти во нов олимписки предизвик.
