Олимписка обука на спортската администрација на општина Бутел

127
Олимписка обука на спортската администрација на општина Бутел

Како резултат на партнерството меѓу МОК и Општина Бутел, а согласно Олимписката програма на МОК, се одржа Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација на МОК / ИОК.

Обуката беше реализирана од страна на Даниел Димевски, претседател на МОК, Сашо Поповски, Генерален секретар и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. 

На обуката присуствуваа голем број на спортисти, спортски клубови, здруженија за спорт, наставници по физичко воспитание и други спортски административци.

На оваа обука беа опфатени области како што се организација на спортот на локално ниво, потребата за редовни спортски активности за граѓаните, спортски активности во основните и средните училишта, развојни стратегии за спорт, работа на Спортско арбитражниот суд при МОК, односи меѓу спортските и јавните авторитети, менаџмент на ресурси (материјални, човечки, финансиски, временски), извори на финансирање, спортска медицина и слично.

Воедно во просториите на Општина Бутел, врз младите спортисти од Таеквондо клубот БУТЕЛ, беа извршени антропометриски мерења кои беа изведени со специјална опрема од Олимписката лабораторија за високи спортски перформанси на МОК.

Следната недела на сите учесници на оваа обука ќе им биде доделена диплома од МОК и од Меѓународниот олимписки комитет.

МОК ќе продолжи со обуката на спортската администрација ширум Македонија, тесно соработувајќи со НСФ-ии, спортските клубови, спортистите, општините, спортските образовни институции и другите спортски јавни и приватни ентитети во нашата држава.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКисела Вода со директни мерки за сузбивање булинг
Следно соопштениеОдбележување на Недела на хигиенизација (08-15 април 2023 година)