До:
Националните спортски федерации од соодветните спортови кои се на програмата на спортови на летните Олимписки игри Лос Анџелес 2028
Предмет: Олимписка програма Олимписки стипендии Лос Анџелес 2028
Почитувани,
дозволете ни да Ве информираме дека во рамките на нашата Олимписка програма Лос Анџелес 2028, се наоѓа и програмата Олимписки стипендисти Лос Анџелес 2028.
За таа цел, во однос на оваа програма, ве молиме, најдоцна до 3. Јули 2025 година, да ни предложите спортист/спортистка за кои е потребно да ни испратите потврда од страна на Националната спортска федерација дека предложените спортисти ги исполнуваат следните услови:
– Може да биде предложен само спортистка/спортист која/кој има најдобар постигнат резултат на меѓународно ниво, постигнат во рамките на официјалниот календар на соодветната Меѓународна спортска федерација од соодветниот спорт;
– Потврда од страна на Националната спортска федерација дека спортистот/спортистката имат потенцијал за освојување на норма/медал на Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година;
– Препорака од соодветната Национална спортска федерација за предложените кандидати (спортистка/спортист) со кратко образложение.
Исто така Ве молиме, задолжително, за секој(а) кандидат(ка) да ни ги доставите следните податоци:
– Име и презиме
– Датум на раѓање
– Спортска дисциплина/Тежинска категорија
– Најдобар постигнат личен резултат (период 2023-2025), со датум и место на постигнување на соодветниот најдобар резултат
– Контакт информации од спортистот/спортистката (моб.телефон/е-маил)
– Име и презиме на личен тренер
– Скенирана копија од пасош
– Моментален национален и меѓународен ранкинг (ако има таков во соодветната спортска дисциплина/спорт)
Остануваме на целосно располагање за какви и да се дополнителни информации.
Ве молиме комуникацијата во однос на горенаведеното да ја испратите на е-маил: naumovska@mok.org.mk
