Олимпискиот стипендист Дарио Ивановски во посета на МОК

101
Олимпискиот стипендист Дарио Ивановски во посета на МОК

Нашиот олимписки стипендист Дарио Ивановски денес беше во посета на својата вистинска куќа на средба со Претседателот на МОК Даниел Димевски кој со огромно задоволство и чест го поздрави неговиот успех.

Дарио Ивановски се натпреваруваше во маратонската трка во Севиља, Шпанија каде обезбеди нов национален рекорд, и официјално ќе учествува на Европското првенство во Рим, кое се одржува од 7. до 12. јуни 2024.

МОК секогаш ќе се бори за развој на националниот спорт според начелата на олимпизмот и подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки.

Се гледаме во Париз!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА, ВО МЕЃУВРЕМЕ ЗАЛОВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ
Следно соопштениеЗа спроведување на јавен увид на Урбанистички проект » Општина Прилеп