ОПШТИНА БИТОЛА ГО УСВОИ ЛОКАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

96

Општина Битола го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад со кој се врши детектирање на клучните недостатоци и проблеми во делот на управувањето со отпад, стратешки дефинирајќи го начинот на обезбедување услуги на што е можно повеќе корисници, воведување на систем за селекција на отпад и собирање на посебни текови на отпад, намалување на количините на органски отпад што завршуваат на депонија, затворање и санација на ѓубришта и обезбедување приходи кои целосно ќе ги покријат трошоците за управување со отпад. На овој начин, ќе се постигне зголемена заштита на природната средина, ќе се подобри квалитетот на водата и почвата, ќе се елиминира негативниот тренд на создавање диви депонии, а преку намалување на емисиите на прашина и загадувачки супстанции ќе се подобри квалитетот на воздухот, што е особено значајно за здравјето на луѓето, за туристичката привлечност и економскиот бенефит за граѓаните и бизнис секторот. Вклученоста на сите засегнати страни, ќе овозможи подигнување на јавната свест, но и поголема ефикасност на неопходните чекори кои треба да ги подигнат стандардите во средината и квалитетот на живеењето. Управувањето со отпадот е процес на кој континуирано и посветено треба да работиме. Со изготвувањето на овој документ, јасно се дефинираат насоките кон кои треба да бидат ориентирани општинските годишни програми, а со тоа и буџетските рамки за реализација на наведените приоритети, што е гаранција за одржлив развој и напредок на локално и регионално ниво. Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција, слободно може да поднесат апликација за Гинис
Следно соопштениеКаевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите